| четврток, 6 декември 2018 |

Хит-видео што го обиколи светот – момче го фаќа својот брат во лет

Џозеф Леви е јунак на социјалните мрежи откако е објавена снимката како го фаќа својот брат, бебе, кое паѓало од пултот за преоблекување.
Мајката на овие момчиња на момент се свртела да земе нешто, додека го преоблекувала бебето, кога Итан, кој има 11 месец, почнал да паѓа.
-Видов дека почна да паѓа. Ни сам незнам како бев толку брз, со оглед на тоа дека, обично, сум многу бавен – изјавил Џозеф (9) гостувајќи на „Си-Ен-Ен“. Како што објаснил во моментот кога изреагирал и го спасил братот, не бил свесен што се случува.
-Кога сè се заврши, почнав да плачам – изјавил овој мал јунак.
Нивната мајка раскажала дека сè се случило во секунда.
-Седнав крај Џозеф, го прегрнав цврсто и го тешев. Му реков дека е суперхерој – рекла мајката, која додала дека снимката ја објавила за да ги предупреди другите родители ниту за секунда да не ги остваат бебињата без надзор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top