Зимскиот период е секогаш исполнет со најубавите празнични реклами, кои секогаш се насочени кон покажување љубов за најблиските и поминување што повеќе време заедно.
Многу од познатите светски марки веќе имаат традиција на создавање божикни реклами, кои секоја година ги одушевуваат луѓето во светот.
Еден од нив е и „Маркс и Спенсер“, кој оваа година се реши за малку невообичаена приказна.
Ако досега бевме навикнати да го гледаме Дедо Мраз, како човекот кој успева да го обиколи целиот свет за само една вечер и да однесе подароци кај сите деца, сега гледаме дека и неговата понежна половина, Баба Мразица, има, исто така, извонредни моќи.
Во триминутното видео режирано од страна на Том Хупер, таа му помага на едно мало момче, кое иако многу ја сака својата сестра, често знае да ѝ приреди незгоди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)