| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО во отворена кампања за СДСМ: Со лаги и манипулации го пере Заев за „Пучот“

Власта самата себеси се прислушувала, а потоа снимките му ги предала на Зоран Заев за да ја уценува. Овој апсурд е заклучокот од последната циркуска претстава на СЈО, што се одржа во петокот, во пресрет на изборната кампања која започна вчера.

Постапувајќи по ист шаблон, СДСМ најавува случај – СЈО го презентира, Спацијалното јавно обвинителство по којзнае кој пат се стави во улога на политички ороз на СДСМ, овојпат за претстојните избори. Иако СДСМ и СЈО едвај се обидуваат во јавноста да создадат слика дека се одделени, не остана човек во државата кому не му е јасно дека СЈО е алатка на СДСМ, која треба да му го поправи очајниот рејтинг и колку – толку да ја ублажи недовербата на македонското гласачко тело. Единствен начин СЈО да ја реализира оваа цел и СДСМ да не доживее катастрофален резултат како никогаш досега, е да ги оцрни, девалвира и деградира функционерите на владејачката партија и самата партија,од една страна, и да се обиде да му ги испере гревовите на раководството на партијата.

На последната прес-конференција на СЈО, како што најави во Фокус и самиот Заев, обинителството отвори нова истрага посветена на прислушувањето, за да направи пресврт во случајот „Пуч“, односно пред изборите да го сврти вниманието ја јавноста од Заев на Груевски, за да не пропадне целиот концепт на СЈО, а со тоа Заев да го изгуби институциолизираното оружје без кое не може да го ублажи поразот.

zaev-za-fokus-640x366

Јас очекувам дека СЈО во текот на ноември, ако не ја соопшти вистината за прислушувањето во судница, во рамки на судењето за „Пуч“, што е тешко веројатно затоа што судот го одложи процесот на неодредено со цел до избори Груевски да не се појави да сведочи, тогаш ќе објави отворање нова истрага, посветена токму на прислушувањето. Колку телефон биле ставени во системот за следење и како е изведена целата операција. И не само што очекувам детали за ова пред избори, туку знам дека ќе има цврсти докази, со име и презиме и со конкретни дејствија. Не исклучувам дека ќе има и сведоци, рече Заев во интервјуто за „Фокус“.

Понижувачки е што СЈО по којзнае кој пат покажува основно непознавање на правото, зашто, да потсетиме предистражните постапки се тајни и Зоран Заев или кој било друг, не смее да знае што работи Обвинителството, а уште помалку тоа да го најавува во интервјуа, како што вели „знам дека ќе има цврсти докази, со име и презиме и со конкретни дејствија“. Исто така, СЈО покажува ноторно непознавање правниот поредок на државата или пак намерно демонстрира недоветност, и што е безобразно – верува дека граѓаните не само што не го препознаваат тоа, туку и му веруваат.

biljana-vankovska

„Ова звучи убаво, ама е дефинитивно НАЈНЕПРАВНИЧКАТА и најкомпромитирачка изјава на една обвинителка. Општеството не е и не смее да биде работа ниту на државата ниту на нејзините органи (па дури и да се специјални)! Патем не е ни прва, бидејќи секоја прес-конференција ја завршува со политичка порака и поука до политичарите. Но, ова е првпат, и тоа пред избори, да се упатува порака до „општеството“ кое демек треба да возврати, односно гласа на соодветен начин. Колку и да навива/ме, ова е недолично за правната професија“, ја коментира професорката Ванковска изјавата на обвинителката Фатиме Фетаи, која настапите на прес-конференциите ги завршува со испраќање политичка порака, што е во целосна спротивност на правните начела и правната етика.

СЈО работи паралелно со ЈО, но од страната на СДСМ, а доказ за тоа е и фактот дека од она што беше изнесено на прес-конференцијата на СЈО, случаите „Пуч“, што го отвори Јавното обвинителство на РМ, и „Таргет“ на СЈО кажуваат една иста работа – УБК прислушкувала нелегално. Снимките ги изнел вработен во УБК, му ги дал на надворешно лице и на крај тие завршиле кај Заев и Верушевски, кои ги искористија. Единствено постои дилемата дали лицето што снимало снимало по налог на Верушевски или на Мијалков, односно кој наредил да се внесуваат тие броеви во системот.

cvetin

„Јас колку што сфатив, и случајот „Пуч“ и „Таргет“ кажуваат една те иста работа. УБК прислушкувала нелегално. Снимките ги изнел вработен во УБК (Костовски, кој веројатно и ги правел) и ги дал на надворешно лице (зеткото на Хари Костов, Ѓорѓи Лазаревски, чија жена работи во Сорос) и на крај тие завршиле кај Заев и Верушевски, кои ги искористија како што ги искористија. Единствено имаме дилема дали Костовски снимал по налог на Верушевски или на Мијалков, односно кој наредил да се внесуваат тие броеви во системот.
Според верзијата на Катица, треба да поверуваме дека Мијалков издал наредба сам себе да се снима, и треба да веруваме дека удбашки пацов како Верушевски бил до толку згрозен од оваа вмровска злоупотреба на УБК за политички цели што решил како Едвард Сноуден од наше маало да излезе во јавноста и да ги разоткрие злоупотребите на лошите вмровци. Дебела, дете на две години нема да ти поверува“, пишува на Фејсбук новинарот Цветин Чилиманов.

Отворањето на случајот „Таргет“ три дена пред почетокот на изборната кампања или 22 дена пред изборите, а во кој без докази, од ракав, осомничени се лица од власта, недвосмислено укажува на тоа дека СЈО нема капацитет за правна борба со наводниот криминал, за што е впрочем и формирано, и затоа се става во служба на политичките профитери кои водат битка за гола власт со партизирани кадри инсталирани во институциите цели 25 години.

Бизнисот со прислушуваните разговори Заев и Верушевски, па и квазиновинарот Зоран Божиновски и сите во „тајфата“ го издигнаа на нивно на корпоративно работење. Со прислушуваните разговори се одржува политичката криза, се уценуваат новинари, бизнисмени, се растураат животи, за нив се формира и СЈО, а вистинска истрага не се отвори.

tolovski

 

Не ја саботира истрагата УБК , туку СЈО не си ја знае работата

Обвинители и истражители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги проверуваат налозите за издадените наредби кои од 2008 до 2015 година ги спровеле техничарите од Петтата управа на МВР во однос на тоа кој телефонски броеви легално, а кои не, биле следени. За овие налози да се законски, УБК треба да поседува писмено одобрение од судија на претходна постапка или обвинител. Во спритивно, тој налог кој бил реализиран ќе се смета за нелегален, односно за незаконско прислушување. Исто така, истражителите и обвинителите на СЈО ги проверуваат и деловодните книги во кои се внесувале податоци за единствениот број на налозите за следење, што опфаќаат налозите, кога започнале и под кој број пристигнале во Одделот. Сакајќи да направи помпа и да испрати порака дека УБК не соработува и не само тоа – туку и крие податоци, СЈО преку медиумите на СДСМ испрати порака дека деловодната книга е многу важна, бидејќи не само што ќе открие број на законско-незаконски ПИ мерки, туку може да открие дали некој правел и физички малверзации, односно дали се менувани податоци, дали недостигаат страници и дали имало внесување на податоци од само еден ист ракопис во книгата. СЈО алудира на тоа дека не ги добило сите податци од УБК и дека Управата ја саботира истрагата.

katica-lence-ubk

Ова не е првпат СЈО да покаже основни непознавања на процесот на работа на Управата. Пред еден месец Јанева со помош на криминалците на Оливер Спасовски инсталирани во единицата Алфи се обиде да изврши упад во УБК за да ги земе сите прислушувани материјали од 2008 до 2015 година, притоа не водејќи сметка дека некои ПИМ се сѐ уште активни и дека со тоа може да ѝ нанесе директна штета на безбедноста на државата.

При експортирањето на системските записи за активирање и деактивирање на телефонските бореви за следење на комуникациите не постои техничка можност за иземање на телефонски бореви кои се опфатени во активни предмети и предмети опфатени со наредби издадени од Врховниот суд, па оттука се јавува значителна разлика во споредувањето на броевите кои се опфатени од одземените судски наредби и броевите кои се јавуваат како запис во системот за следење на комуникациите. Исто така, во судската наредба за одземање на судските наредби за следење на комуникациите не се земени предвид ситуациите на грешка и корекција, и човечка грешка, па затоа и тие не му се предадени на СЈО.

Притести против Заев за „Пуч“

Притести против Заев за „Пуч“

Поради итност во постапувањето често следењето на комуникациите започнува со усна наредба во форма на службена белешка од јавен обвинител, односно судија на претходна постапка, што е регулирано во законот. Усниот налог треба да биде покриен со судска наредба во рок од 48 часа. Ако судот не издаде судска наредба како покритие на усната наредба, се деактивира таргетот, но во системот останува запис за креираниот таргет и за времето кога е деактивиран.

УБК не му ги доставила на СЈО овие службени белешки од причина што не биле наведени во судската наредба за одземање на судските наредби за следење на комуникациите.

Манипулирањето на СЈО со непознати факти има само една цел – да го наруши угледот на институцијата УБК кај народот, а со тоа да создаде сомнеж дека власта, сепак, сакајќи да се заштити од наводен криминал, нема интерес да соработува со СЈО и да се дознае вистината за прислушувањето. УБК не ги крие документите, а разликата меѓу бројот на телефонски броеви кои се опфатени со судските наредби со кои располага СЈО и бојот на телефонски броеви опфатени во системските запис од системот за следење на комуникациите до 31 декември 2015 се јавува зашто СЈО нема капацитет да обезбеди соодветна судска наредба за одземање службени белешки.

Ваквите полуинформации со кои СЈО организира спектакли во рангот на спектаклите на големите циркуси, ја доведуваат во заблуда и академнската јавност.

„Ја слушнав снимката од прес-конференцијата на СЈО. Ми се наметнувата неколку првични впечатоци: инстересно е кога на листата на жртвите (таргетите на незаконското прислушување) се наоѓаат рамо до рамо Борјан, Хари, Заев, Јордановска и Јанкуловска, Јанакиевски, итн. Точно е дека обвинителката некако повеќе се сеќаваше на имињата на оштетените од опозицискиот блок, и особено новинарите, а не и текнуваше за други политичари, бизнисмени или дури и претседателот Иванов. Второ, во делот на објаснувањето за делото за кое се товарат осомничените ми предизвика спонтана смеа она кога се вели „ги слушал снимените разговори“, бидејќи и Заев со месеци и месеци, заедно со неговите соработници слушаа и слушаа и правеа транскрипти, а сега знаеме дека меѓу тие луѓе кои побудуваа најмногу подбив и смеа некои всушност биле жртви (Јанкуловска, Ставревски на пример, чии – сега знаеме – приватни разговори беа објавувани како мезе за гладната јавност). Сега, се разбира, останува потешкиот дел од задачата: успешна истрага која ќе доведе до доволно докази за на суд да се изречат казни за сторителите. Од политички аспект, како и што врапчињата веќе очекуваа, оваа прес-конференција значи ветер во грбот на Заев. Прашање е колку ова сега ќе повлијае кај гласачите да гласаат за едни, односно да не гласаат за други. Мислам дека луѓето уште мнооооогу одамна одлучија за кого нема/ќе гласаат, така што ова и не е некое изненадување“, ја разобличува политичката фарса на СЈО-СДСМ професорката Ванковска. 

Се` додека СЈО издвојува некои звучни имиња, главно на новинари и опозициски политичари, не можеме да знаеме кој се` има право на оштетно побарување, вели таа.

Јас не знам дали мојот број, т.е. моите броеви се прислушувани. Не се сметам за нешто многу важна, ама знам дека со добар дел од новинарите сум разговарала на телефон за политички состојби (со Оливера еднаш муабетот траеше цел саат), знам дека колешките ми велеа „со тебе не може човек ни на телефон да се слушне, бидејќи сигурно те прислушуваат“, бев во кампања за собирање потписи, го формирав Професорскиот пленум… Ако СЈО не ја објави листата, како секој од нас ќе знае дали му е повредена приватноста или не“, додава.

Она што опозицискиот лидер го најави за сдсмовското гласило Фокус, Катица Јанева и СЈО го спроведоа на дело. Прес-конференцијата на СЈО дојде во моменти кога вниманието на јавноста требаше да се отргне од скандалозните и антимакедонски изјави на Заев пред албанската дијаспора во Швајцарија, каде што зборува за редефинирање на Охридскиот рамковен договор, воведување на двојазичноста на цела територија и јавно обвинување дека “проблемот е во Македонија, а не во соседите.“

Со зборовите на Ванковска, нам не ни требаат ни аудио ни видеозаписи, туку обвинителство кое нема да прави спектакли, туку ќе подигнува обвиненија и ќе докажува вина. Успешно!

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top