| четврток, 6 декември 2018 |

И Села со ветувањата на Заев пред Албанците: Редефинирање на државата и промена на уставот

sojuz za albancite

Синоќа во Гостивар Сојузот за Албанците одржа конвенција на која беа претставени пратеничките листи на Унитети, Движењето за реформи во ДПА и Националната демократска преродба.

Зинедин Села, кој беше на заедничка турнеја со Зоран Заев во Швајцарија кај албанската дијаспора, на вечерашното претставување ги поддржа линиите што ги застапува СДСМ на чело со Зоран Заев и на насобраните Албанци им вети двонационална држава, во која службен јазик ќе биде и албанскиот.

Ние сме обединети, а не поделени. Во ниту еден момент нема да се повлечеме од бинационална држава. Зошто некој друг албанскиот јазик да го направи службен кога можеме сами да го направиме тоа. Сојуз за Албанците ветува дека ќе иницира уставни промени во корист на Албанците. Ние ќе овозможиме локално буџетирање каде што општините самите ќе го регулира својот сопствен буџет. Владеењето на правото, каде што Специјалното обвинителство ќе биде регулирано со Устав. Ќе ги извадиме од затвор оние кои влегле таму поради монтирани процеси, ќе ги затвориме оние кои стојат зад тие процеси, порача Села од Гостивар.

Со истите ветувања и Заев и СДСМ ги купуваат албанските гласови.

Лидерот на опозицијата веќе подолго време работи на неповратен процес на федерализација на Македонија. Влогот на Заев е унитарноста на државата, а сценариото кое веќе и јавно го презентира како „редефинирање“ на државата се состои од трите фази од воведување на двојазичност, преку федерализација, до отцепување на делови од државата и спојување со соседни земји.

Tema113-1-golema-albanija

За исполнување на сценариото Заев одамна дал „беса“ на албанските радикали, но и на сите албански политички фактори во земјата. Според ветувањето на Заев, идната федерализација или кантонизација на државата, за чиешто име дополнително ќе се одредува судбината, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години.

Настапот на Заев пред албанската дијаспора во Берн, за кој СДСМ се уште нема излезено со извештај, предизвика лавина од реакции кај македонската јавност. Заев и пред албанската дијаспора отворено говори за еднаквоста при употреба на јазиците, односно воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.

-Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата. Јас сум истиот тој што го гледавте и по Фејсбук и по телевизии кој отвори штабови во Арачиново и Чегране. Македонија ја замислувам, ако знаеме кинекси, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски-  француски, албански- албански, македонски- македонски, да се ослободиме, рече Заев.

Во втората фаза е предвидено поделба на државата по федерални единици, кантони, односно развивање на општините во „понапреден систем на самоуправување“. Во оваа фаза би требало да се одвива и административно поврзување на федералните единици.

zaev_albansko-zname
Во своето обраќање Заев се осврна и на Охридскиот рамковен договор, за кој вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките.

-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.

Дека Заев е свесен дека двојазичноста води кон федерализација, и дека знае што тоа може да предизвика, потврдува и изјавата на првиот човек на албанската дијаспора Муса Љамалари.

Трета фаза

Третата фаза од распадот на државата е отцепување на делови преку локани референдуми на шесте кантони и нивно припојување кон соседни држави. Намерата на Заев, не е нова, тој го подготвува теренот за ова сценарио подолго време.

zaev zekiri verusevski

Што значи редефинирање на државата

silegov

Она што Заев им го ветува на Албанците, Шилегов, Шеќеринска, Пендаровски и Адеми подробно им го објаснуваат. И тие како и партискиот лидер се залагаат за доспроведување на процесот за поделба на земјата до степен на неповратност. Тоа што со нивниот речник е „редефинирање“ на унитарниот карактер на државата, значи воведување на двојазичност, па федерализација и потоа отцепување на државата со можност за приклонување кон соседни држави.

Според ветувањето на Заев, идната федерализација или кантонизација на државата, за чиешто име дополнително ќе се одредува судбината, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години. Двојазичноста е само прва од трите фази на федерализацијата заедно со кантонизацијата и федерализацијата, како преоден пат кон отцепување на делови од Македонија.

Тоа што сега го зборува Заев, а Шилегов „пластично им го доловувал“ на Албанците во Тетовско, значи воведување на целосна двојазичност на целата теротироија на државата, односно употреба на албанскиот јазик како официјален јазик, пред сѐ во безбедносниот сектор и во институциите, во полицијата и во армијата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top