| четврток, 6 декември 2018 |

По 23 години испаднаа од прва лига: Славниот напаѓач тргна да се пресметува со навивачите oткако му го нападнаа синот

Прв пат по 23 години во Шведска, славниот Хелсингборг денес падна во пониска лига на натпреварување, а тоа беше причина за да зовриат страстите кај навивачите клубот.

Хелсинборг беше поразен од Халмштад со 2:1, а тоа директно значеше за нив дека се патници во понизок ранг, по што следуваше гужва и инцидент на теренот.

Хенрик Ларсон, славниот шведски напаѓач кој во момнетов е тренер на Хелсинборг, не успеа да го спаси клубот од елиминација во понизок ранг, па хулиганите тргнаа кон теренот да кршат и удираат се што ќе им се најде на патот. Ларсон се обиде да го одбрани неговиот син Џордан и без страв застана пред групата насилни навивачи, а Ларсон јуниор во целата мешаница доби повеќе удари од бесната група навивачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top