| четврток, 6 декември 2018 |

Со победа над Фуксе, Рајн Некар Левен до десетата победа во Бундеслигата

dejanmanaskov_lowen

Германскиот првак Рајн Некар Левен со нашиот репрезентативец, Дејан Манасков во своите редови, дојде до десеттата сезонска победа во Бундеслигата, откако попладнево го совлада на домашен терен Фуксе Берлин со резултат од 30-25 (18-11).

„Лавовите“ од Манхајм денес релативно лесно го совладаа Фуксе Берлин. Рајн Некар Левен уште по првото полувреме го реши победникот на мечот, откако на паузата замина со резултат од 18-11, за да во вториот дел само рутински го доврши мечот и дојде до конечна победа од 30-25.

Петерсон со 10 гола беше најефикасен во победничката екипа, во чии редови по 8 гола постигнаа Сигурдсон и Де Рутц, додека нашиот репрезентативец Манасков остана на клупата за резервни играчи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top