| четврток, 6 декември 2018 |

Тајна биографија: Меланија Трамп лажела дека има завршено факултет

 

melanija-tramp1-620x350

Меланија Трамп, новата прва дама на САД, ја променила својата биографија на официјалната веб страна на својот сопруг, каде сега стои дека студиите ги ставила на пауза за да се посвети на манекенската кариера, иако во минатот тврдела дека завршила факултет во Словенија.

Нејзината нова биографија е објавена на интернет страната на Доналд Трамп, под наловот „Запознајте ја идната прва дама“.

Дипломата на Меланија за дизајн и архитектура прв пат била доведена во прашање по нејзиниот говор на Републиканската национална конвенција во јули, кога следниот ден весникот „Хафингтон Пост“ објавил изјави на двјаца Словенски професори Бојан Позар и Ирор Омерз кои тврделе дека таа ги напуштила студиите и никогаш не ги завршила.

Како што навеле, за само пар години таа го напуштила архитектонскиот факултет во Љубљана за да стане модел и никогаш не се вратила на студии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top