| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Заев има договорено двојазичност и кантонизација на Македонија

Лидерот на опозицијата веќе подолго време работи на неповратен процес на федерализација на Македонија. Влогот на Заев е унитарноста на државата, а сценариото кое веќе и јавно го презентира како „редефинирање“ на државата се состои од трите фази од воведување на двојазичност, преку федерализација, до отцепување на делови од државата и спојување со соседни земји.

За исполнување на сценариото Заев одамна дал „беса“ на албанските радикали, но и на сите албански политички фактори во земјата. Според ветувањето на Заев, идната федерализација или кантонизација на државата, за чиешто име дополнително ќе се одредува судбината, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години.

Со првата фаза е опфатена воведување на целосна двојазичност на целата теротироија на државата. Односно употреба на албанскиот јазик како официјален јазик, пред сѐ во безбедносниот сектор и во институциите, во полицијата и во армијата.

Обраќањето на Заев пред албанската дијаспора во Берн предизвика лавина од реакции кај македонската јавност. Заев и пред албанската дијаспора отворено говори за еднаквоста при употреба на јазиците, односно воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.

-Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата. Јас сум истиот тој што го гледавте и по Фејсбук и по телевизии кој отвори штабови во Арачиново и Чегране. Македонија ја замислувам, ако знаеме кинекси, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски-  француски, албански- албански, македонски- македонски, да се ослободиме, рече Заев.

Во втората фаза е предвидено поделба на државата по федерални единици, кантони, односно развивање на општините во „понапреден систем на самоуправување“. Во оваа фаза би требало да се одвива и административно поврзување на федералните единици.

zaev_albansko-zname
Во своето обраќање Заев се осврна и на Охридскиот рамковен договор, за кој вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките.

-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.

Дека Заев е свесен дека двојазичноста води кон федерализација, и дека знае што тоа може да предизвика, потврдува и изјавата на првиот човек на албанската дијаспора Муса Љамалари.

Третата фаза од распадот на државата е отцепување на делови преку локани референдуми на шесте кантони и нивно припојување кон соседни држави. Намерата на Заев, не е нова, тој го подготвува теренот за ова сценарио подолго време.

zaev zekiri verusevski

Заев зборува за двонационален идентитет уште во првото (и последно) интервју дадено за „Република“ непосредно по стапувањето на функцијата претседател на СДСМ.

Иако сопартијците се обидоа да го прикажат како „грешка“ поради струмичкиот дијалект на својот лидер, сега е кристално јасно дека изјавата за „двонационален идентитет“ воопшто не била надвор од неговата агенда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top