| четврток, 6 декември 2018 |

Никовски: Ставовите на Заев се негирање на фундаментална вистина, на сметка на нечесни амбиции

Кога обичниот граѓанин го следи она што го изјавува Заев сигурно си помислува „Овој човек не е од тука. Веројатно е од некоја друга планета“, анализира Ристо Никовски на ТВ Нова. Ова не е само почеток на таа негова реторика, се потсетува Никовски, започна на Косово, кога спомна дека сите Македонци треба да учат албански, а не обратно.

-Пред десетина дена Тв 21, го прашаа зошто не го отвори случајот Монструм, кој беше најавуван повеќе пати, а тој рече дека не го објавил затоа што затоа што тоа се полувистини. Тоа ќе предизвикало незадоволство и нервози. Знаете дека полувистини се полу лаги. А што станува со другите бомби? Значи дека и тоа се полувистини со кои ги стресе темелите на оваа држава- вели Никовски.

На сета позната историја, додава тој, човек треба да биде идиот за да не може да ги разбере тие работи.

-И да одите со една таква теза во јавноста и тоа надвор од државата значи дека ги поткопувате историските фундаментални и темелите а оваа држава. Вие го рушите она што Македонците го граделе како народ. И сето она што се случува е де факто рушење на македонскиот карактер на државата. Не е можно на тој човек да не му е јасно што се случи во 2001 година-додава Никовски.

Таквите тези се негирање на една фундаментална вистина и за тоа мора да има тешки, длабоки и нечесни политички амбиции, смета Никовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top