| четврток, 6 декември 2018 |

Младите порачаа: Свети Николе не е Shën Nikollë

Членовите на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе денес од центарот на градот го искажаа својот револт за воведување двојазичност во сите општини во Македонија.

Едногласни се дека службен јазик во Република Македонија е македонскиот со кириличното писмо, согласно Уставот.

ums-sveti-nikole-640x427Младите во Свети Николе не сакаат тргување со националните и државни интереси. Доволно им е од црни сценарија, планови  за федерализација и двојазичност. Велат не сакаат да го видат својот град напишан на  јазик кој не е мајчин на 25% од населението.

Претседателот на УМС Свети Николе и член на Извршниот Комитет на УМС Владимир Атанасов истакна дека младите очекуваат прогресивни мерки. Едногласни сме и велиме ДА за проекти кои го подобруваат квалитетот на нашиот живот, мерки кои овозможуваат просперитет,напредок, намалување на стапките на невработеност. Младите во Свети Николе нема да поддржат и ќе се борат против сите деструктивни и мрачни сценарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top