Граѓаните се згрозени и шокирани од изјавите на Зоран Заев и од агендата на СДСМ за двојазичност и федерализација. Тоа што Заев јасно и гласно го зборува во Берн, Швајцарија, пред албанската дијаспора се коси со се она што го чувствува јавноста и македонскиот народ во целина.
Никој освен дел од раководството на СДСМ, не се согласува со тезите кои ги застапува Заев, дека е време за редефинирање на државата, двојазичност и федерализација. Но граѓаните особено се револтирани од ставот дека „Македонија е виновна“ за се, за сите аспирации на соседите кон македонија, дека Македонија и Македонците се виновниците затоа што Грците и Бугарите не ги признаваат нивната национална и културна посебност, дека Српската православна црква не сака да ја признае македонската црква, дека Македонија треба да ја одржува жива идејата за Голема Албанија. Се ова е збрано во изјавата на Заев пред албанската дијаспора во Швајцарија.
-Не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија- оценува Заев.
А вака оценуваат граѓаните:
-Проблемот најмногу е во Грција. Тие нас не не признаваат и тука е проблемот. Јас сум против двојазичност.
-Мислам дека Македонија не е виновна. За тоа сега треба да се најде некое решение. Кога станува збор за јазикот тоа да биде регулирано во рамки на рамковниот договор.
-Јас прво ги обвинувам Грците. Ние сме постоеле многу години. Македонија е на добар пат и мислам дека ќе постигне добри резултати. Јас сметам дека не треба да има двојазичност, бидејќи тие се во помал процент отколку што се прикажуваат.
-Нека направат прво попис за да видиме колку проценти се. Па потоа нека добијат права, не се повеќе од 15% а тие велат 25%, а потоа нека биде реципрочно, и нашите Македонци во Албанија да имаат исти права.
-Македонија никогаш ниту била ниту ќе биде виновна. Оти ние сме Македонци и ништо друго. А не Грците, тие името да ни го ставаат. Кој се тие? Не ни се кумови нас. Ние сме постоеле и ќе постоиме. Никако двојазичност на цела територија, а не верувам дека се над 20%. Зошто не сакаат попис да се направи? Нека се направи пописот и ќе видиме дека под 20% ќе бидат. Е тогаш не треба да важи ниту рамковниот договор.
-Доволно им е и ова што го имаат. Не ни треба двојазичност. Во Велес ли да има двојазичност?
-Македонија не е виновна. Виновни се Грците кои не напаѓаат цел живот. Албанците во Македонија не треба да имаат поголеми права. Се знае, тие се малцинство. Не може да имаат поголеми права.
-Онаму каде што се мнозинство нека си го зборуваат јазикот. И до сега не им било забранувано, зборувале Албански и во Југославија. Ама не треба низ цела држава да има двојазичност.
-Од наша страна беше направено се за да успеат преговорите, така да виновен е соседот. Во Уставот е децидно кажано за јазикот.
Имајќи предвид дека граѓаните пред камерите и премолчуваат поголем дел од тоа што го чувствуваат, веројатно во себе чувствуваат десетократно поголема огорченост. Тоа што како прашање го поставуваат зад камерите е вистинското: дали Заев ќе има храброст да ги повтори истите ставови од Швајцарија на митинзите низ Македонија или ќе го троши времето на „слободата и демократијата“?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)