– Разузнавачки експерти проценуваат дека џихадистичката група Исламска држава има меѓу 60 и 80 свои оперативци кои се кријат во Европа со цел да извршат напади, предупреди денеска холандскиот координатор за борба против тероризмот Дик Шуф.
Тој истакна дека тие водат сметка за пораките од ИД, во кои се бара од оперативците да не доаѓаат во Сирија и Ирак, туку да се подготват за напади во Европа.
Според него, во последните шест месеци бројот на странски терористи не е зголемен, но фактот дека тие не патуваат не значи и дека потенцијалната закана од оние кои би патувале е намалена.
Шуф оцени дека воените операции против борците на ИД во Сирија и Ирак доведуваат до „распрснување“ на приврзаниците на оваа екстремистичка организација, што веројатно ќе овозможи постепено зголемување на бројот на бегалци, кои претставуваат закана за националната безбедност на Холандија и други европски земји.
Холандскиот експерт, исто така, предупреди дека Холандија иако не била мета на голем терористички напад, какви што беа извршени во Белгија и Франција, сепак „реални се шансите“ тоа да се случи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.