| четврток, 6 декември 2018 |

Норвежаните со поддршка за македонски штаб на балканските воено-медицински сили

kotevski norveska (3)

Началникот на Генералштабот (НГШ) на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, од денес претстојува во дводневна официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Кралството Норвешка, каде што домаќин ќе му биде началникот на ГШ на ВС на Кралството Норвешка, генерал Харалд Сунде. Ова е прва официјална посета на началник на ГШ на АРМ на ВС на Кралството Норвешка.
АРМ има развиено одлична соработка со ВС на Кралството Норвешка, која во изминатите години се одвива на повеќе полиња. На средбата во Осло се разговараше за поддршката од ВС на Кралството Норвешка кон АРМ во развојот и формирањето на балканските воено-медицински сили при што штабот на овие сили би бил сместен во Република Македонија како дел од проектот „Паметна одбрана“ и поддршката за проектот за полската болница (Role 2) со донација за воено-медицинска обука во вредност од околу два милиона евра.

kotevski norveska (1)
Вооружените сили на Кралството Норвешка го поддржуваат и развојот на регионален тренинг-центар за комуникации и иницијативата за негово прераснување во НАТО/ПзМ центар за обука во медија-тренинг како и продолжување на поддршката за проектот „Лепеза“.
Особено е важно да се нагласи дека во периодот од 2008 до 2012 година, во рамките на норвешката полска болница во Мејмана, Авганистан, која е дел од мисијата ИСАФ, беше распореден хируршки тим на АРМ, кој успешно ги извршуваше задачите заедно со норвешките колеги. Вооружените сили на Кралството Норвешка искрено ја подржуваат АРМ во нејзината аспирација за членство во НАТО.

kotevski norveska
Кралството Норвешка на АРМ ѝ донираше една комплетна лесна маневарска полска болница во вредност од околу 2,5 милиони евра, софистицирана опрема за заштита на телекомуникациските врски, медицински материјал и компјутерска опрема во вредност од 57.000 евра, како и менторство и финансиска поддршка на проектот ,,Лепеза“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top