Универзитетот во Бостон, САД соопшти дека полицијата верува оти тревогата која денеска беше објавена во кампусот била лажна и оти е можно телефонскиот повик да бил од странство.
Бостонскиот универзитет претходно соопшти дека во кампусот има „голем број полицајци поради тревога“ и оти од луѓето се бара да го напуштат подрачјето.
Американските медиуми јавија нешто се случува во зградата каде се сместени универзитетската библиотека и филијала на „Банката на Америка“.
Полицајците ги провериле објектите и ништо не нашле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.