Минатата вечер Кендал Џенер гостуваше во “he Late Late Show” на Џејмс Корден, а откачениот водител реши да ја изненади Кендал а и гостите во шоуто со една интересна игра.
Ви текнува на „вистина или предизвик”? Кендал се соочи со вистински предизвик кога беше принудена или да одговори на „скокотливите” прашања на водителот, или да испие чудни и сомнителни пијалоци.
На прашањето на Корден зошто сестра ѝ Кајли ја одби поканата да гостува заедно со неа под изговор дека е болна, а истиот ден е видена на шопинг, Кендал одлучи наместо да одговори, храбро да се напие сок од школки.
На уште попровокативното прашање која ѝ е најмалку омилена членка од друштвото на Тејлор Свифт, Кендал повторно реши да ја одбере опцијата „предизвик”, и испи чаша полна со плунка од птици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)