| четврток, 6 декември 2018 |

Клоп: Не сум загрижен, Кутињо останува во Ливерпул

Liverpool's Brazilian midfielder Philipp

Одличните игри на Кутињо, како за Ливерпул така и за бразилската репрезентација, придонесоа овој одличен фудбалер веднаш да биде поврзан со европските гиганти кои и во претходните години се интересираа за неговите услуги. Барселона стартуваше нова кампања на која се приклучи и екскапитенот Чави, кој го посочи Кутињо како еден од ретките играчи кои беа проблеми би се вклопиле во фудбалската филозофија на каталонскиот гигант. Се споменуваат и огромни суми како потенцијална понуда, но Јирген Клоп воопшто не е загрижен на оваа тема бидејќи е убеден во лојалноста на еден од своите најдобри фудбалери.

– Нема зошто да бидам загрижен, иднината на Кутињо е во Ливерпул. Фудбалерите сакаат да бидат овде, уживаат играјќи за овој клуб, а наша работа е овој тренд да остане и во иднина. Моето мислење е дека Кутињо се чувствува прекрасно овде, се гледа себеси уште долго време во Ливерпул. Тој е извонреден фудбалер, но исто така е и уште млад, така што најмногу импресионира што кај него има и огромен простор за уште поголем напредок. Секако дека ако некој клуб дојде и му понуди двојно повеќе пари од нас, тој можеби нема да може да ги одбие, но не знам дали постои клуб што може да му даде толкава сума. На крајот сѐ ќе се сведе на атмосферата што ја создаваме овде, на клуб од кој никој не сака да си замине – оптимист е Клоп и по ова прашање.

Кутињо минатата година потпиша нов договор со Ливерпул за плата од 80.000 фунти неделно, но „црвените“ уште минатиот месец му понудија продолжување на соработката за неделна плата од 120.000 фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top