| четврток, 6 декември 2018 |

Сексуално нападнато десегодишно девојче во Битола

Вчера во 13.20 часот во СВР Битола, Л.А. (37)  од Р. Албанија, со живеалиште во Битола, пријавила дека во понеделникот, на 14 ноември, во периодот од 13.00 до 14.00 часот непознато лице ја пресретнало нејзината десетгодишна ќерка и ѝ рекол дека ќе ја однесе кај мајка ѝ. Но, наместо кај мајка ѝ, сторителот ја однел во соседната улица и извршил полово дејство.

Разговор со детето бил извршен во присуство на претставник од Центар за социјални работи.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top