Друштвото на писателите на Македонија утре во библиотеката на манастирот „Св. Јован Бигорски“ ќе одржи поетска средба по повод акцијата за донирање книги, почната по опожарувањето на ова духовно средиште. На средбата пригодни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието на ДПМ Веле Смилевски и старешината на манастирот „Св. Јован Бигорски“, архимандрит Партениј, а потоа со стихови ќе настапат десетина поети на различни генерации.
Друштвото на писателите на Македонија ќе подари неколку едиции со книги за обновената библиотека на манастирот. Колекцијата на подарените книги ќе биде од областа на книжевната наука и филозофијата, фолклорот, историјата, публицистиката, како и од областа на белетристиката, поетски книги, романи, збирки раскази, драми и критичко-есеистички дела напишани од членовите на писателската асоцијација. Во акцијата што траеше неколку месеци, писателите од своите библиотеки подаруваа и книги од светската класика, научна и стручна литература.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите