За услугите на Дмитри Паје постојат многу заинтересирани клубови, но Вест Хем не планира да се откаже од неговите услуги во блиска иднина. Самиот фудбалер истакна дека би сакал да заигра во поголем клуб, но менаџерот Славен Билиќ ќе направи сè за да го задржи Паје во клубот.
– Oдушевен сум што го имам во екипата и сакам да остане колку тука што е можно подолго. Претседателот уште по завршувањето на Европското првенство ми соопшти дека нема да го продаде и јас му верувам – истакна Билиќ.
За услугите на Паје најголем интерес покажа ПСЖ, а оваа сезона на девет одиграни натпревари постигна еден погодок и запиша четири асистенции. Неговиот договор со Вест Хем истекува во јуни 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.