| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски: Интензивно се работи на терен, Македонија ќе добие три модерни автопатишта

misa

Очекувам во следниве години Македонија да добие три модерни автопатишта, изјави во интервју за „ТВ Нова“ министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Мисајловски вели дека често е на терен, а одржува и месечни состаноци со сите одговорни за патиштата, како што се проектантите и надзорот на кои се разгледуваат сите предизвици.

pat

-Миладиновци-Штип е веќе преку 50% завршен, околу триесетина километри во двата правца е веќе асфалтирано. Демир Капија-Смоквица сосема цел автопат може да го извозите, веќе е при крај, очекувам следната година да го пуштиме во употреба. Исто така и Миладиновци-Штип, се разбира, ако времето нѐ послужи и тој ќе стигнеме да го пуштиме во употреба – рече Мисајловски.

pat2

Според министерот, за најголемиот проект Кичево-Охрид ќе треба повеќе време, околу две години, бидејќи е најтешката траса.

pat3

-Се работи за многу косини, тунели, за многу вијадукти, многу мостови и динамиката е добра. Постојано се зголемува бројот на активности и самата динамика расте. Гледам и самите компании влегуваат со многу поголем елан и јас очекувам во следниве години Македонија да добие три модерни автопати- вели Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top