Шеснаесетгодишен малолетник од Тетово бил идентификуван, пронајден и приведен многу брзо откако извршил разбојништво што околу вчера во 20:10 часот го извршил во спортската обложувалница „Мар бет“ на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци малолетникот со шал на лицето, капа на главата и плетени нараквици на рацете, влегол во обложувалницата и заканувајќи се со кујнски нож ја натерал вработената К.С.(30) од фиоката да му даде 4.000 денари во разни апоени од дневниот промет и нејзиниот мобилен телефон.
На излегување тој го оставил телефонот и избегал, но, набрзо бил идентификуван и во присуство на негов родител лишен од слобода. Во истрагата бил пронајден и ножот, а со потврда му била одземена и облеката што ја носел.
– Во консултација и координација со јавниот обвинител по извршените разговори малолетникот бил пуштен и ќе се соочи со соодветна пријава, најави Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Jа ограбиле бабата која им изнајмила соба во Охрид: Двајца скопјани во притвор
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Бившата на Бордејн силувала 17-годишен тинејџер: Му останаа тешки трауми, менталното здравје му е загрозено