| четврток, 6 декември 2018 |

ИН МЕМОРИАМ: Синоќа почина легендата на македонскиот бокс, Мирко Леов

mirko-leov

Вчера, на 72-годишна возраст почина легендата на македонскиот бокс, Мирко Леов, претседател на Судиската организација при Боксерската федерација на Македонија.

Леов беше еден од најценетите боксерски судии на просторите на поранешната СФРЈ, но и во Европа, меѓународно признат под знакот на АИБА и ЕУБЦ, кој даде огромен придонес во развојот на боксот во Македонија.

Во својата професионална кариера, како судија, зад себе има бројни учества на најсилните светски натпреварувања, Медитеранските игри во 1983 година, Светскиот Куп во 1987 година, двомечот меѓу САД и Југославија во 1984 година, а беше неразделива алка и од „Златниот гонг“.

Погребот на Мирко Леов ќе биде денеска од 12 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top