Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е со највисок процент на реализација во Серија А, а втор меѓу стрелците по успешното од Топ 5 лигите во Европа.
Несторовски, согласно последната статистика изработка на ОПТА, има 67 проценти на реализација од вкупниот број голови кои неговиот тим ги постигна досега. Несторовски досега за Палермо постигна шест гола од вкупно деветте кои ги постигна целиот тим. Согласно анализата на лигите од Англија, Шпанија, Германија, Франција и Италија, македонскиот напаѓач е на второто место по успешност, веднаш зад Французинот Ентони Модесте кој има постигнато 11 гола сезонава во дресот на Келн и се учество од 69 проценти од целиот тим.
На третото место е Џермејн Дефо од Сандерленд, со шест погодоци и 67 проценти реализација како и Несторовски, четврти е Аргентинецот Мауро Икарди од Интер со 63 проценти реализација (10 погодоци) и на петтото место е Турчинот Мевлут Ердинч од Мец со 55 проценти реализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Роналдо стигна до 300-от гол во Примера
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот