Се сеќавам дека за време на снимањето на „Македонскиот дел од пеколот“ за првпат се вљубив. Тоа го изјавив и во интервју за „Вечер“ во 1971 година. Се вљубив во тетка Милена Дравиќ… И да. Се сеќавам дека тогаш падна и првата жртва. Ми се клатеше забот, а режисерот Ватрослав Мимица рече дека мора да падне првата жртва, сам да си го извадам забот. Таа ноќ не спиев до три часот… Следниот ден Мимица ми даде касичка за штедење пари. Ја загубив изгледа некаде низ животот. Филмот е базиран на вистински настан. Нема да го заборавам запознавањето со Миле во реалниот живот. Оној Миле кој јас го глумев во филмот – вака Игор Џамбазов зборуваше за првиот филм во кој тој глуми, „Македонскиот дел од пеколот“, снимен во 1970 година, кога тој имал само седум години.
„Македонски дел од петокот“ се прикажуваше во Кинотека на Македонија. Овој филм е реставриран како дел од заедничкиот проект на кинотеките на Хрватска и Македонија. Во „Македонски дел од пеколот“ на Мимица кој воедно е и сценарист покрај Славко Јаневски и Панде Ташовски, улогите ги толкуваат Дарко Дамески, Павле Вуисиќ, Фабијан Шоваговиќ, Милена Дравиќ и Неда Спасојевиќ, се појавуваат Коле Ангелов, Петре Прличков, Петар Арсовски, Игор Џамбазов… Оние малкумина живи од филмот беа присутни во салата. Петар Арсовски раскажуваше за немилиот случај со неговиот мустаќ за време на снимањето на филмот кога екипата од македонскиот „Истрел“ го измамила да ги избричи мустаќите. Неговата девојка во филмот, Илинка, зборуваше за шминкерот кој не ја сакал и сметал дека е многу грда…
Што се зборува во „Македонски дел од петокот“? Во селото Лавци, во околината на Битола, која е под окупација на бугарските фашистички сили, доаѓа Тодор Ангелов познат како Даскалот, комунист и водач на отпорот против окупаторот. Меѓутоа, еден од селаните, доушник, му јавува на началникот на бугарската полиција каде се наоѓа Даскалот и полицијата и војската веднаш доаѓаат во селото. По изведениот претрес, окупаторот ги собира сите мажи над петнаесет години сретсело и со уценувања се обидува да дознае каде се крие Даскалот. Селаните, пак, изнаоѓаат секакви начини да го надмудрат непријателот и да не го предадат својот водач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)