| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се проширува влезот од каналот Студенчишта

studencista

Влезот на каналот Биљанини извори во Охрид ќе се проширува за 30 метри, со сечење на трската. Оваа акција ќе биде изведена деновиве во координација на Охридската капетанија, Езерската полиција, Центарот за обука на вода, а со дозвола на Министерството за животна средина. Поради проширување на трската и обемот на површина која таа почна да го зафаќа се појавија потешкотии при влезот и излезот на поголемите пловни објекти од и во каналот.

– Врз база на одобрение кое го имаме од Министерството за животна средина, ширината на влезот од каналот ќе ја прошириме за 20-30 метри поради неконтролираното дивеење на трската. Трската се прошири и го затвори влезот на каналот бидејќи во изминатиот период беше намалена активноста на воените бродови и за тоа време трската го затвори влезот  – рече Горан Устијаноски, капетан во Капетанија Охрид.

Проширувањето на каналот се прави по неколку години поради застојот и надвор од употреба на воените бродови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top