| четврток, 6 декември 2018 |

Тргнале по пократкиот пат и се удавиле, ќерката им остана сираче – трагедијата во Борча ги потресе сите!

Зла судбина: Милан Богиќевиќ (36) и неговата сопруга (24), кои слетаа со автомобилот во каналот во Борча и на место останаа мртви, брзале дома, бидејќи ги чекала ќеркичаката, која ја чувала бабата.

-Мојот брат и снаа тргнале кобната вечер во Црвенка по нејзината лична карта. Ја оставиле  ќерката стара 11 месеци и брзале да се вратат. Загинале на место оддалечено дестина минути од нивната куќа.

Вака низ солзи раскажала Надица Станковиќ, сестрата на Милан Богичевиќ, кој со сопругата загина на наспиот во Борча, близу местото каде пред две години беше пронајдена убиената пејачка Јелена Марјановиќ.

Превртеното возило го видел случаен минувач во саботата изутрина и ја известил полицијата. Нуркачите на жандармеријата ги извлекле телата и некое време го пребарувале каналот, како би провериле дали со нив имало уште некој во автомобил.

 

-Маја ја одржуваше куќата на еден човек кој живее во Црвенка. Меѓутоа од непозната причина тој и ја земал личната карта. Поради тоа не можеле да ја идентификуваат, бидејќи немала документи. Мојот брат со Маја се упатиле таму околу 19.50 часот во петокот, како би ја вратиле личната карта на Маја. Бебето Хелена кое има 11 месеци, го оставиле со бабата, која инаку живее со нив-тврди Станковиќ.

Како што наведува, не е познато како Маја и Милан слетале во каналот.

-Се што знаеме е од медиумите. Мајката на Маја инаку е сериознао болна, па претпоставуваме дека во Црвенка тргнале по краткиот пат, што води покрај каналот, бидеќи не смееле долго да го оставаат бебето само со неа и брзале што побрзо да завршат се – рекла Надица.

 

Сестрата на Милан ја превзела грижата за бебето, кое наредниот месец ќе наполни една година.

-Мајката на Маја е болна и секоја година оди на лекување. Не посетија луѓето од Центарот за социјална работа, па ги известив дека во нарендите денови јас ќе се грижам за детето – раскажала Надица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top