| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една трагедија во скопско – усмртен пешак во ’Ржаничино

pesak

Седумдесет и осум годишниот Ф.В. од скопско ’Ржаничино, попладнево го загуби животот во сообраќајна несреќа која околу 17:30 часот се случила на главната улица во селото.

Во мажот удрил автомобил „Застава“ управуван од 31 годишниот И.Ј. од Велес. Веднаш била повикана итна медицинска помош која можела само да констатира смрт кај прегазениот пешак.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата и презема мерки за нејзино расчистување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top