Новак Ѓоковиќ со максимални три победи се пласираше во полуфиналето од АТП шампионатот во Лондон, но денешниот меч со Давид Гофан ќе остане запаметен по конфликтот што српскиот тенисер го имаше со судијата. Имено, Новак доби опомена од главниот судија поради наводно одолговлекување пред сервис, по што Србинот бурно реагираше при првиот следен прекин.
– Случајно само еднаш го надминав времето за неколку секунди, и тоа откако двајцата одигравме одличен поен. Само отидов по својот пешкир, а ти ми даде опомена. Само еднаш, и веднаш опомена, дали е тоа чесно? Колку долго судиш овде? Сега гледам дека ти немаш врска од тенис, му порача Ѓоковиќ на судијата за време на паузата меѓу двата гејма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)