Соиграчот на нашиот репрезентативец Дејан Манасков, швеѓанецот Ким Екдал Ду Риц, одлучи по завршувањето на договорот со тимот на Рајн Некар Ловен (до крајот на следната сезона), да се повлече од активното играње и ќе се посвети на патување низ светот.
Еден од најдобрите бекови во светот по завршувањето на кариерата има желба да го прошета светот, да се запознае со различните култури, да ги види најпосетуваните туристички места, а интересно е тоа што студира и психологија.
– Мора да се почитува неговата одлука. Ким е човек кој поседува голем талент. Жал ми е што така одлучи, но тој е Ким, вели поранешниот шведски ракометар Магнус Андерсон.
Уште пред две години Ду Риц се повлече од шведскиот репрезентативен дрес, а пред да пристигне во РНЛ играше за Нант и Луги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.