| четврток, 6 декември 2018 |

Татко дома си го нашол синот убиен

stop-policija-652

Четириесет и шестгодишниот Столе М. од Штип е убиен во неговиот стан во штипската населба 8 Ноември. Според портпаролот на штипската полиција, Зоран Зафиров, телото на Столе М. го пронашол неговиот татко вчера попладне.
Штипската полиција, заедно со истражен судија и заменик-јавен обвинител, почнала истрага, а обдукцијата врз телото покажала дека станува збор за насилна смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top