| четврток, 6 декември 2018 |

Вајда ја откри главната причина поради која Ѓоковиќ го ангажирал „гуру“ тренерот Имаз

Светски познатите медиуми кренаа голема врева околу новиот „гуру“ тренер на Новак Ѓоковиќ, но ако оваа тема полека спласна со стартот на завршниот мастерс-турнир во Лондон, денеска стана повторно актуелна благодарение на долгогодишниот соработник и тренер на Србинот, Маријан Вајда.
Во интеврјуто за „Ле Паризен“, Вајда говори за соработката која Ѓоковиќ ја имал со Пепе Имаз и причината поради која тој и Борис Бекер не се појавија на мастерс-турнирот во Париз, каде што Новак доживеа рана елиминација.

– Донесовме одлука да го оставиме малку на мир. Добра работа беше да го оставиме сам. Новак се чувствуваше скршено од неколку стреса кои ги доживеа и не сакаше повторно да минува низ тоа. Тој веќе имаше соработувано со Пепе во минатото и верувајте дека нивната соработка не е никаква новост. Единствена цел за почестата соработка беше ублажување на стресот по пат на медитација. Не станува збор за никаква ментална манипулација, навистина некои медиуми претераа со шпекулациите – појаснува Вајда кој додава дека Новак не ја загуби страста и љубовта кон тенисот.

– Тенисерите имаат живот и надвор од тенисот, нормално е некои работи од приватниот живот да ви го привлечат вниманието. Негов проблем не е љубовта кон тенисот, туку задржувањето на концентрацијата во текот на целата сезона. Не треба да се прави драма околу сето тоа, тој ужива да тренира и да игра тенис, – завршува тренерот на српскиот тенисер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top