Еден од браќата на Ал Капоне, кој не станал гангстер, бил ФБИ агент и тоа пропадник на специјалното одделение за прохибиција. Тој го напуштилсемејството кога бил млад, а подозна ги променил името и презимето, зашто не сакал ник да зне дека има сицилијанско потекло.
Неговото право име никогаш не е споменато во ниту еден филм снимен за семејството на Ал Капоне.
Ричард Џејмс Харт, роден акко Џејмс Виченцо Капоне е најстариот брат на Ал Капоне, најпознатиот гангстер во дваесеттите и триесеттите во Чикаго.
Виченцо го напуштил домот на 16 години и се преселил од Бруклин во Небраска, наводно за да се приклучи на циркус. Но, работел на тоа да го изгуби бруклинскиот акцент и да се ослободи од италијанското минато. Во Првата светска војна учествувал во Франција, а по војната си го променил името во Ричард Џејмс Харт, делумно во чест на омилената филмска каубојска ѕвезда Вилијам С. Харт.
Се оженил во 1919 година и набрзо станал федерален агент во одделението за прохибиција во ФБИ.
Бил многу успешен во работата, но во средината на дваесеттите новинари откриле дека е поврзан со најпознатото гангстерско семејство од Чикаго, па морал неколку години да ја напушти Небраска. Во 1931 година се вратил на ситото работно место, а кога била укината прохибицијата, станал шериф. Починал во 1952 година од срцев удар на 60 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.