| четврток, 6 декември 2018 |

До крајот на годината ќе почне изградбата на „Конска брана“ во Гевгелија

Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов денеска се сретна со заменик-директорот за енергетика на турската компанија „Адалихолдинг“ Ебубекир Туран, која беше избрана на тендер како изведувач на „Конска брана“.

Туран истакан дека компанијата е подготвена за почеток на работите и оти се чека одобрение за градба.

– На почетокот на декември целиот урбанистички проект ќе го претставиме во Гевгелија и веднаш ќе започнеме со изградбата на овој долгоочекуван капитален објект кој многу ќе ја промени економската, социјалната и туристичката слика на општина Гевгелија, рече Туран.

Тој го покани Франгов да биде гостин компанијата во Анталија, каде што ќе може да посети веќе изградена брана од „Адалхолдинг“ и да види какви бенефити има подрачјето каде што таа е изградена.

Франгов ја прифати поканата и изрази задоволство од денешната заедничка средба.

Тој посака изградбата на „Конска брана“ да почне што поскоро и во таа насока понуди секаква човечка и логистичка подршка на тимот од „Адалхолдинг“ кој во наредниот период ќе работи на реализацијата на најкапиталниот проект во општина Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top