| четврток, 6 декември 2018 |

Првите партиски митинзи закажани – кој од каде стартува?

Изборната кампања официјално почнува в понеделник на 21 месецов.

Партиите веќе се подготвуваат за своите први митинзи.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ како и претходните години првиот митинг ќе го одржи во Охрид. СДСМ кампањата ќе ја почне од Прилеп.

Коалицијата ВМРО за Македонија место в понеделник, кампањата ќе ја почне во вторник, за да не се совпадне со ВМРО-ДПМНЕ, затоа што и тие првиот митиниг ќе го имаат во Охрид.

ДУИ ќе почне од општина Липково. ФРОДЕМ со своите симпатизери ќе се сретне во хотелот „Континентал“.

Партиските коалиции и партии што ќе учествуваат на парламентарните избори на 11 декември ќе ги презентираат своите програми пред гласачкото тело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top