| четврток, 6 декември 2018 |

Девојката загинала за да спаси кучиња

Дваесет и четири годишната Д.П. од село Јурумлери, која попладнево го загуби животот во сообраќајна несреќа, во скопската населба Гоце Делчев, во близина на Трубарево, според очевидци, загинала за да спаси кучиња. Како што велат за „Вечер“ несреќата се случила кога на патот пред „пежото ” излегле кучиња, па во обид да ги избегне, девојката преминала во спротивна лента и директно удрила во автобусот.

­ Во сообраќајната несреќа кај вториот надвозник во населбата Гоце Делчев, учествувале две моторни возила, автобус на ЈСП, управувано од Т.П и автомобил марка „пежо партнер” со скопски регистарски таблички со кој управувала Д.П ­ велат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.П, па со возило на брза помош била пренесена во болница.  Лекарите се обиделе со реанимација, но тие обиди останале безуспешни, па таа околу 18 часот им подлегнала на повредите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top