| четврток, 6 декември 2018 |

Нова дрога го тресе регионот, мала доза е смртоносна

На нарко пазарот во Љубљана се појави нова опасна синтетичка дрога која може да биде кобна по животот на зависникот во доста мали количини, а станува збор за збор за 4-флуоро-бутинфентанил.

Тоа е синтетички опијат дериват фентанил, а предизвикува чешање и сериозна респираторна депресија – плитко дишење, што за оној кој ја конзумира може да биде опасно по живот и ако ја зема во доста мали количини, соопшти Националниот институт за јавно здравје, пренесуваат медиумите.

За истата дрога се користат и називите 4Ф-БФ, 4-ФБФ и п-ФБФ. Може да ја има како прашок, таблети и спреј за нос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top