| четврток, 6 декември 2018 |

Мажите за бракот: Тоа е како да живеете со мајка, а со сопругата го делите креветот

Бракот може да биде најдобар чекор кој сте го направиле во животот. Во бракот може да доживеете многу убави работи и да создадете прекрасни сеќавања, но не е секогаш едноставно како што се чини.

Мажите неодамна на социјалните мрежи ги поделија некои од најтешките работи кои им се случиле во бракот, а откриле и некои работи кои им го зацврстиле односот.

– За мене најтешко беше да се разберам фактот дека не се врти се околу мене. Живеев сам од 17 години и бев нарцисоиден – напиша еден еден маж на „Редит“.

Мажот открил дека пред бракот не правел ништо друго за некој друг, ако немал корист.

– Сега немам проблем поради брачната среќа некои себични работи да ги оставам на страна – додал тој.

Друг маж открил дека имал проблем со навиката на сопругата постојано да го преместува мебелот по дома.

Трет маж навел дека најголем предизвик му било да научи дека со сопругата не треба да ги дели сите разочарувања кои му се случуваат. Уште еден маж ги споделил своите мисли. Тешко му било да го прифати фактот дека маните на сопругата никогаш нема да исчезнат.

Некои имале проблеми со излегувањата.

– Ова е единствената работа за која се расправаме. Но, попуштам бидејќи тоа ја прави среќна. Таа сака да се дружи, а јас сум тип кој сака да седи дима – напишал еден маж.

– Кај нас е обратно. Јас сум многу друштвен лик, сакам да излегувам и да се дружам а мојата сопруга смета дека кучињата се подобро друштво од луѓето. Потребно е многу да се дава и да се зема. Јас излегувам кога сакам, таа ретко ми се придружува, но јас не ја терам да излегува, како што ни таа не ме тера да останам дома – вели уште еден учесник во дискустијата.

Еден разведен маж напишал: „Брак е како да живеете со мајката, само што со сопругата делите кревет“.

Еден од учесниците заклучил дека љубовта меѓу него и сопругата е многу посилна откако двајцата се помириле со фактот дека имаат мани и тој сега не може да замисли ништо подобро од брак.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top