| четврток, 6 декември 2018 |

Го продадоа бизнисот за милиони долари и денес шетаат по светот

25-годишниот Герет Џи и неговата сопруга Џесика, заедно со нивните две деца го обиколуваат светот веќе повеќе од една година.

Младото семејство го започнува своето патување, откако Герет ја продава својата апликација QR на Snapchat минатата година за сума од 54 милиони долари.

Досега ги посетиле Антигва, Тонга, Хаваи, Австралија, Фиџи, Тахити, Сингапур, Бахамите, Хаваи, Нов Зеланд, Индонезија, Тајланд , Доминика и др. Двојката дури има профил на Instagram, наречен The Bucket List Family кој е следен од околу 100 000 луѓе. 

Иако плановите на младото семејство првично било да патуваат пет месеци, денес тие се веќе 9 месеци надвор од родната Јута и не планираат да се враќаат наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top