| четврток, 6 декември 2018 |

Жените одушевени од најновиот хит: Обојте ја косата со омилениот пијалок

Жените во светот почнаа да користат црно кафе од марката „Данкан донатс“ за боење на косата. Знаеме за каната која е единствена природна боја за коса, но и за циметот и лимонот кои може да ја осветлат косата, но дали и кафето навистина може ја обои косата?

Еден веб-портал им дава идеја на жените како со две шолји утринско кафе да ја препородат косата.

Сварете две шолји кафе и кога ќе се олади, промешајте го со балсам за коса.

Добиената смеса која потсетува на паста, нанесете ја на косата и нека отстои еден час.

Кафето треба да ви даде убава темнокафеава боја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top