| четврток, 6 декември 2018 |

Таинствено светло го осветли Нов Зеланд за време на земјотресот (видео)

Приказните за мистериозните светла коишто се појавуваат за време на посилни земјотреси постојат уште одамна, а до сега овој феномен бил поврзуван со НЛО или масовната хистерија, иако постојат доверливи сведоци за овие несекојдневни појави уште од 1888-та година.

Во последните години неколку такви појави се снимени и со камера, поради што никако не можеле да бидат занемарени.

svetlinaaaaaa

Најновите снимки доаѓаат токму од Нов Зеланд, којшто претрпе силен земјотрес на 13-ти ноември, а многу преплашени мештани говорат дека во текот на земјотресот виделе интензивна, сина светлина на небото.

Научниците предложиле неколку можни објаснувања за овој феномен, вклучувајќи ја и некогаш популарната теорија дека светлата ги креираат пизоелектрични полиња коишто ги произведуваат одредени карпи.

Ваква спектакуларна глетка може да се види само во тек на земјотрес со јачина од пет степени или повеќе, а досега тој феномен е забележан кај само 0.5 отсто од земјотресите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top