Могумина од нас ја препознаваат на прва кратката фризура на омилената принцеза Дајана, особено на онаа кратка форма од 1991 година со која се појави на насловната страница од модното списание „Вог“ со црна ролка.
Минималистичка ,едноставна,шармантна.
Благодарение на стилистот Сем Мекнајт кој ја издаде својата нова книга проследена со изложба, се открива од каде доаѓа таа драматична промена кај Лејди Ди.
Мекнајт вели дека прв пат почнал да соработува со принцезата во 1990 година кога требала да има фотосесија со Патрик Демаршелиер, тој не ни претпоставувал дека ќе треба да ја средува принцезата оти до последен момент не му било кажано. За таа фотосесија тој ќе ја употреби тијарата со тоа што ќе ѝ ја собере косата позади и на тој начин ќе се создаде впечаток дека има многу кратка фризура.
Дајана била презадоволна како изгледа после сесијата и го прашала Мекнајт :„Што ќе се случи со мојата коса ако ти дадам одврзани раце?“, а Мекнајт ѝ одговорил:„Ќе ја ишишам сосема кратко!“. Таа се согласила со насмевка, а другото е историја.
Мекнајт вели дека после тоа сите жени сакале да ја имаат истата кратка форма на косата, како на некој сосема поинаков начин да се доживуваше женственоста. Нивната соработка продолжила, Мекнајт се гледал со Дајана секоја недела кога бил во Лондон.
Насловната на „Вог“ навистина до денес е една од најдобрите некогаш издадени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.