Принцезата Дајана остана запаметена како принцеза со големо срцо, но и како една од жените со најдобар стил на 20. век. Нејзината фризура беше една од најпопуларните во 80’ и 90’ години, а нејзиниот фризер ја откри тајната зад совршената кратка коса која ја носеше.
Ричард Далтон со неа работеше од 1981. до 1993. година.
-Се што прав со нејзината коса стана вест за насловна страница во медиумите. Пред патувањето во Африка побара да и направам нова фризура, но се што смислив беше предрастично. Моравме да бидеме многу внимателни. Косата и ја скратував по пет милиметри на неколку недели за да не се забележи голема разлика, рече Далтон.
Тој ја запознал Дајана кога имал само 17 години. Нејзин фризер станал на нејзино барање, зашто и нејзината сестра му била клиентка. Со Дајана беше заедно секој ден во период од 12 години, а беше и првиот кој ги потрижи принцевите Вилијам и Хари. Далтон вели дека не сака да открива што се поминал со Дајана зашто тоа се нивни тајни, но тврди дека била искрено вљубена во принцо Чарлс.
-Секогаш се чувствував како да и е неопходна заштита. Мислам дека не беше подготвена на се што се случуваше во тоа семејство, рече Далтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Оваа венчавка ќе ја убие девојката, ќе умреме двете – на баба Ванѓа и се слошило од страшната визија
-
Кејт и Дајана – модни близначки (видео)
-
Кејт Мидлтон знае дека е следна, ќе заврши како Дајана-шокантни тврдења на нејзините пријатели
-
МИ 6 планирал убиство на Милошевиќ, планот применет на принцезата Дајана