| четврток, 6 декември 2018 |

Мартија ја помина првата проба во Валета (Видео)

Овогодишниот претставник од Македонија на Јуниорскиот Евросонг кој ќе се одржи в недела на 20 ноември во Ла Валета – Малта, Мартија Станојковиќ на големата сцена вчера ја имаше првата проба.

_ap61890

На почетокот на нејзината изведба Мартија и нејзините три танчери стоеа на задниот дел од сцената во облик на пирамида на која Мартија беше на крајниот дел. Кога музиката започна, танчерите ја откриа Мартија по околу 15 секунди.

025df02e5de37f54d1777d24445aedb7_l

Со песната Love Will Lead Our Way, Мартија сака да порача сите да се сакаат и да веруваат во себе. Сега ние само треба да почекаме и да видиме колку далеку таа љубов Мартија ќе ја однесе во финалето во неделата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top