Кога Вит Једличка на 13 април 2015. година ја прогласил државата Либерланд, на ничија земја помеѓу Хрватска и Србија, и станал нејзин прв претседател, многумина тоа го сфатиле како шега.
Тој, меѓутоа, е многу сериозен во својата намера Либерланд да стане призната држава. Пребарувајќи го терминот “ничија земја” на “Wikipedia”, Једличка открил територија со површина од седум километри квадратни. За таа територија, објаснил потоа, и Србија и Хрватска рекле дека не им припаѓа.
Во април оваа година Једличка рекол дека воспоставиле влада и дека имаат сопствена валута. Сакал да создаде либертаријанска утопија, без даноци и контроли на вооружување. Постои само еден проблем – доколку стапне на на Либерланд, ќе биде уапсен.
Ова подрачје некогаш било дел од Србија, но во 90-тите и припаднало на Хрватска при прекројувањето на границите. Кога првите неколку луѓе пристигнале во Либерланд биле уапсени, вклучувајќи го и претседателот Једличка. Хрватска можеби не го сака ова парче земја, но не сака да има соседство со група вооружени луѓе.
-Хрватска малку се двоуми, но мислам дека се пријателски расположени и ни помагаат да ја обезбедиме границата”, рекол претседателот на Либерланд.
Тој вели дека нема да се предаде. Ја шири својата идеја на социјалните мрежи, а дури и добил неколку повици да присуствува на регионални економски конференции како „шеф на држава“. Тој верува дека крајот во кој владее слободниот пазар може дополнително да му помогне на Балканот. Предлага и посебен даночен систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)