Борусија Дортмунд ниту од далеку не е ист тим со или без Марко Ројс во составот. А тренерот Томас Тухел го нема на располагање од почетокот на оваа сезона. Тој поради повреда паузираше долг период, но сега е подготвен да се врати на теренот, и тоа во вистински момент, за дербито против Баерн Минхен овој викенд.
– Драго ми е што Марко е повторно со нас на тренинзите. Мислам дека е подготвен и ’гори’ од желба да заигра. Но, мораме да бидеме и внимателни со него. Секако, тој е еден од нашите најдобри фудбалери и со него ќе бидеме многу поквалитетни – вели Тухел.
Борусија Дортмунд ќе го пречека Баерн Минхен в сабота пред своите гледачи, а „милионерите“ се надеваат дека со евентуален триумф ќе ја намалат негативата на три бода во однос на баварскиот клуб. Во моментов Баерн Минхен е првопласиран на табелата со 24 бода, но идентичен ефект има и Лајпциг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.