Дванаесет години во затвор му беа досудени денеска на поранешен адвокат од Охајо, кој ги хипнотизирал, а подоцна и сексуално ги злоупотребувал сцоите клиенти. Се работи за 59-годишниот Мајкл Фајн, кој исто така ќе биде регистриран и како сексален престапник.
Фајн, кој се занимавал со право од 1981 година, ја загубил лиценцата за работа во 2014, откако било откриено дека користел хипноза за сексуално да ги злоупотребува неговите клиенти.
Истрагата против него почнала кога една од клиентките открила дека нешто не е во ред со нејзината долна облека и дека не се сеќава што се случувало за време на нивните состаноци.
Откако биле преслушани уште дваесетина негови клиентки, кои имале слични сведоштва.
Фајн е оженет и има две ќерки. Тој целосно ја признал вината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.