| четврток, 6 декември 2018 |

Свадба за паметење – Индиец потрошил 74 милиони долари за веселбата на ќерка си

Еден индиски политичар предизвика гнев меѓу луѓето во оваа сиромашна земја заради скапата и луксузна свадба која ја организирал за неговата ќерка.

svadba

Поранешниот државен министер Гали Јанардан Реди потрошил 74 милиони долари за свадбата за која гостите добиле покани во позлатени кутии и цели 5 дена настапувале познати боливудски ѕвезди.

svadba2

Невестата променила неколку венчаници меѓу кои една чинела 2,5 милиони долари, а младоженецот Раџев Реди пристигнал со 5 бели коњи.

svadba3

Свадбата се случи само неколку дена откако индиската влада изјави дека банкнотите од 500 и 1.000 рупи ќе се укинат.

svadba4

Новост која најмногу влијаеше на Индијците од ниската класа кои не заработуваат доволно ниту за да преживеат.

svadba5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top