| четврток, 6 декември 2018 |

Меси се налути, сам ги победи Колумбијците, Бразил ја продолжува импресивната низа (видео)

mesi

Аргентина конечно успеа да ја прекине серијата слаби игри и резултати во квалификациите за СП 2018 и забележа значаен триумф над Колумбија, изразен со убедливи 3-0. Најзаслужен за ваквиот исход дефинитивно е Лионел Меси, кој уште еднаш покажа зошто важи за најдобар фудбалер на денешницата.

На мечот игран во Сан Хуан, Меси од слободен удар во 10. минута ја погоди мрежата на Оспина и го отвори резултатот. Со овој гол, кој е 57. во дресот на репрезентацијата, Меси го мина Батистута и е најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на својата земја. Во 23. минута Меси како со рака го пронајде Лукас Прато, а овој со глава по втор пат ја погоди мрежата на Колумбијците за 2-0. Победата ја потврди Ди Марија на додавање на Меси во 84. минута за момците на Едгардо Бауза.

Победа извојува и Чиле на домашен терен над Уругвај по целосен пресверт (3-1). Кавани во 17. минута ги доведе гостите во водство, но во последната минута од првиот дел Варгас израмни на 1-1. Иако играше незалечен со повреда на бутниот мускул, Алексис Санчез беше човекот на одлука и постигна два гола во 60. и 76. минута за финални 3-1. Во претпоследната минута Клаудио Браво му одбрани пенал на некогашниот соиграч од Барселона, Луис Суарез.

Репрезентацијата на Бразил игра како препородена по доаѓањето на Тите на местото селектор.Нејмар и другарите славеа рутинска победа на гостувањето кај Перу со 2-0. Стрели на головите беа Габриел Хесус и Агусто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top