Кога Меси игра на своето ниво, на Аргентина и е полесно, а така беше и на синоќешниот натпревар против Колумбија. По поразот кој го претрпеа од најголемиот ривал Бразил во претходното коло, „гаучосите“ беа под притисок да освојат три бода на овој меч.
Уште во 10. минута Меси постигна фантастичен гол од слободен удар за водство на Аргентина од 1-0, а 13 минути подоцна му асистираше на Прато кој со глава погоди за 2-0. Точка на натпреварот стави Ди Марија во финишот на натпреварот, откако ѕвездата на Барса му асистираше од позиција од која само требаше да ја погоди празната мрежа.
Аргентина со овие три бода дојде до петтата позиција која води во баражот, но има уште шест кола до крајот на квалификациите па не би требало да има проблеми да избори директно учество на СП во Русија.
Ноќеска се одиграа уште неколку дуели помеѓу јужно американските репрезентации од квалификациите за Светското првенство во 2018 година. Бразил со головите на Габриел Жесус и Аугусто славеше со 2-0 на гостувањето кај Перу.
Чиле со два гола на Санчез во второто полувреме со 3-1 славеше над Уругвај кој со погодок на Кавани имаше водство на овој меч. Боливија со 1-0 го совлада Парагвај, а Еквадор со 3-0 славеше над Венецуела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)