| четврток, 6 декември 2018 |

Одредени термините за СП: Почнуваме со Тунис во 16.45 часот

Светската Ракометна Федерација ИХФ денеска и официјално ги објави термините на одигрување на натпреварите на претстојното Светско Првенство што во јануари ќе се одржи во Франција.

За нас секако најинтересна е групата Б што ќе се игра во Мец, а во која Македонија за ривали ќе ги има Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола. Стартниот меч „црвено-жолтите“ го играат против селекцијата на Тунис, а од денеска веќе е официјално дека овој натпревар ќе се игра на 12 јануари со почеток во 16.45 часот.

rakomet-svetskoПо Тунис, со аутсајдерот Ангола се среќаваме во 20.45 часот, а во истата сатница во рамките од четвртото коло ќе ги одмериме силите со Шпанија, а преостанатите два натпревари, против Словенија и Исланд, „црвено-жолтите“ ќе ги играат со почеток во 17.45 часот.

Според пропозициите на светските првенства, најдобрите четири селекции обезбедуваат пласман во осминафиналето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top